Претседателот на САД, Доналд Трамп повторно го пофали огромен економски потенцијал на Северна Кореја, за помалку од две недели од вториот самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Виетнам.
,,Ние веруваме дека Северна Кореја и претседателот Ким имаат огромен потенцијал како економска сила”, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа. Тој додаде дека едвај ја чека средбата закажана во Ханој на 27 и 28 февруари. Трамп изјави дека има многу добри односи со лидерот на Северна Кореја.
По неколку месечни вербални провокации, Ким и Трамп ја одржаа првата средба, оценета како историски самит на 12 јуни 2018 година во Сингапур. Ким и Трамп на првиот самит потпишаа декларација за денуклеаризацијата на Корејскиот полуостров, но без одреден датум.
Оттогаш не е постигнат напредок, а двете страни поинаку ги толкуваат обврските од потпишаниот текст на кој многумина сметаат дека е нејасен. Аналитичарите се надеваат дека на вториот самит ќе бидат донесени конкретни одлуки.