Требало да биде машински инжинер, но судбината имала други планови за него. Наместо да работи во некоја фабрика, завршил како ученик на најпознатите швајцарски шефови. Го усовршил работењето со чоколадо, научил како се прават најдобрите германски лебови и пецива и рецептите ги донел во земјава во неговиот ресторан „Пастел“. Тоа е Игор Стојановски кој за 24 инфо ја раскажува својата приказна како од пекарница, неговиот бренд прерасна во култен градски ресторан.
По образование Стојановски е недипломиран машински инжинер, а по професија шеф во неговиот ресторан „Пастел“. Вели дека судбината сакала така, а првата средба со чоколадото ја опишува како љубов на прв поглед која трае до ден денес.
–Имавме семеен бизнис со слатки кој се прошири низ цела земја. Во 2000 година мојот сосед кој инаку беше швајцарски аташе во земјава инсистираше мојот талент да го проширам и надградам токму во Швајцарија. Така завршив таму како ученик кај еден од најдобрите шефови во регонот. Тоа беше љубов на прв поглед. Од тогаш до денес следеа едукации, надградби од кои најбитна беше во Австрија за рецептите за германските лебови. Потоа следуваа четири обуки на чоколадна белгиска академија во Истамбул со светски прваци во чоколадо , чоколадни бомбони- вели Стојановски.
Рано од Швајцарија, Морел од Канада кој е еден од најдобрите чоколадиери биле само дел од неговите учители. Има образование како никој шеф во државава. Вели дека „Пастел“ е чисто македонски производ сами го креирале и создале, а требало да асоцира на француска кујна. Пастел го отворил како прва француска пекарница во земјава.
–Од лани до 14 часот функциониравме како пекарница, а после тоа како ресторан. Од утре се отвара новит објект кој ќе работи 24 часа.Тој ќе биде пекарница,а стариот дел ќе продолжи да функциониракако ресторан- вели првиот човек на „Пастел“.
Стојановски вели дека неговите пецива се поразлични по вкусот. Лебот е без адитиви, без додатоци. Пецивата се посебни, а германските лебови се приказна за себе. Во „Пастел“ нема бурек, ниту пак сарми и кебапи.
Но затоа има чоколдни тестенини, свежи пасти, десерти, зајак на на нивен начин, риби.
– Ние не сме кафеана туку градски ресторан. Од традиционална храна има само леб кој личи на македонскиот. До пред извесно време работевме полупроизводи за познати брендови, но се прекинавме. Сакаме подобар квалитет овде во начиот ресторан. Појадок и ручек ни се приоритети, но од пред извесно време се сконцентриравме и на вечерното мени- вели Стојановски.
А секој петок најавува журки во „Пастел“. Афтер ворк парти, два пати месечно тематска кујна. Во неговата кујна се хранат обични луѓе, но и политичари и амбасадори. Проблем има со вработени.Тешко наоѓа работници. Ги едуцира, но потоа си одат.
-Кога почнав бев многу бев талетиран, но и суетен. Кога влегов во првата слаткарница во Швајцарија бев запрепастен. Мирисот е тој кој ме плени. Почнав со слаткарство, па пекарство, па чоколади. Кај нас нема академија за образование за готвачи. Готвењет е цела наука. Секоја состојка поединачно се третира. Кога ќе го научиш тоа веќе си подготвен да правиш и свои рецепти- вели Стојановски. Специјалитет во моментов му е хит колачот со кикирики кој е негов прозивод, има мус со три чоколади, а од лебовите најмногу ги преферира тие без квасец.
–Сум гледал како прават хилихоптери од чоколадо, неколку пати сум учествувал на аукции на чоколадо. Сега правам гигански форми од чоколадо кои се продаваат на аукции. Парите најчесто одат за децата- вели Стојановски.
Валентина Ангеловска