Лидерот на ВМРО-ДПМЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави фотографии оод прошетката низ Охрид со кандидатот на партијата за претседателските избори, професорката Гордана Силјановска Давкова и претседателот Ѓорге Иванов.
-Денеска во Охрид го имав задоволството заеднички да разговараме со актуелниот и цврсто верувам, идниот Претседател на Република Македонија. На Македонија и требаат луѓе кои ќе ги штитат интересите, кои ќе ја заштитат волјата на граѓаните, и кои ќе бидат бескомпромисни борци за словото на законот и правната држава. И тоа во време кога правдата е нападната од неправда и кога владата ја гази волјата на народот, напиша Мицкоски.
https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1168660499976074?__xts__%5B0%5D=68.ARCGC2dvLLKeypZdCjuRle5EuVCPpJerjW19NOLYquhTZKGb0m0DWCUABWpOQuGgQ6hXNHOth681LzafVPRSXSFNnHRFMrTWhsW8K2CgF-Q4YUZYqPYxrxQWkAFAcTivzvixd9A9dLfhGINkr1uxpQ5tZcOsvoSEeIrr1UObRAi2_TUq50k6GHUbrdT7NrSslfFkiwT4TjpsrBgyl9tkV2HQ04vvkbgMCD7QgCSpmO11ySywjBNFPYbjdL2ay8TI0Pt-n3qsx1U686-G3DV4F5U48T2Xl0mcGOm1p2oo5JubL7AXzQaqPJuy7gtplz_M9oRgKA3vVApXXKjyfpA1k55r4Q&__tn__=-R