Французинот Гаел Монфилс е победник на тенискиот турнир од Серијата 500 во Ротердам, Холандија, откако попладнево во финалето го совлада Стан вавринка од Швајцарија со 2:1, по сетови 6:3, 1:6 и 6:2.
Во меч што траеше 1 час и 45 минути Монфилс имаше повеќе сили во решавачкиот трет сет и заслужено дојде до победата.
За францускиот тенисер ова е 32-ри АТП трофеј.
Со новите освоени АТП поени, Монфилс кој моментно е 33-ти од утре ќе напредува на ранг листата на светски тенисери.