Пијан возач без дозвола удрил во автомобилот во кој загина Шабан Шаулиќ

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа утрово на патот Бифилд-Бутерслох. Спасувачка служба добила повик околу 7 часот дека на автопатот А2 во правец кон Дортмунд се случила тешка несреќа во која учествувале две возила, „мазда 6“ и „сеат“. До 9.30 часот патот бил непорооден, бидејќи пожарникари два часа ваделе четворица повредени лица од смрсканиот автомобил „сеат ибица“.

Според првичните информации, сообраќајката је предизвикал пијан возач(34), кој немал ниту дозвола и со „маздата“ удрил во „сеатот“, кој се одбил во банкината. Сите четворица патници во автомобилот со тешки повредени биле префрлени во болница, каде пејачот починал. Возачот на „маздата“ има лесни повреди. Шаулиќ седел на совозачкото место.

 

Треба да знаете
Последни објави