Седум нови држави на црната листа на ЕУ

Европската комисија предложи седум нови земји меѓу кои Саудиска Арабија да се стават на црната листа на ЕУ со држави што не се борат доволно со перење пари и финансирање тероризам.

За усвојување на листата, 28 членки на Европската унија имаат еден до два месеца.

Од листата е симната БиХ како и Гвајана, Уганда и Вануату.

Освен Ријад на листата се додадени Панама, Нигерија и четири американски  територии – Американска Самоа, Американски Девствени Острови, Порторико и Гуам.

На листата се и Либија, Боцвана, Гана, Самоа, Бахами, Авганистан, Северна Кореја, Етиопија, Иран, Ирак, Пакистан, Шри Ланка, Сирија, Тринидад и Тобаго, Тунис и Јемен.

Треба да знаете
Последни објави