Познатиот српскиот пејач на народна музика, Шабан Шаулиќ(68) настрадал утровов во сообраќајна несреќа во Германија, јавуваат српските медиуми.
Според нивните информации, Шаулиќ има сообраќајка во близина на германскиот град Билефелд, каде вчера имал настап.
Тој вчера со авион стигнал во Билефелд преку Виена, а до него патувале Сека Алексиќ, Дара Бубамара и Драган Којиќ Кеба. Со него вечерта пеела и Теа Таировиќ, со која фолкерот имал дует. Никој не ни помислил дека неколку часа подоцна ќе се случи таква несреќа.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.