Тешко повреден велосипедист

На 16.02.2019 година во 09,00 часот во Скопје на крстосницата од булевар „Јане Сандански“  и булевар „Кузман Јосифовски Питу“, З.К.(52) управувајќи патничко моторно возило „Рено клио“ со скопски регистарски ознаки удрил во велосипедист Е.Д.(25) од Скопје. Со тешки телесни повреди се здобила Е.Д. која е пренесена во комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави