Заев: Силјановска е надвор од актуелниот концепт на живот

Премиерот Зоран Заев по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети рече дека професорката Гордана Сиљановсказа нив не е прифатлива како заеднички претседателски кандидат.

-Веднаш ќе кажам не е прифатлива. Таа е надвор од секој можен концепт. Не даде во ниту еден сегмент поддршка на тоа што цел свет поддржува и огромно мнозинство на граѓани. Македонија направи голем чекор напред, отидовме во исполнување на нашите децеиски аспирации. Ние денеска сме земја каде што секоја недела се ратификува протоколот за НАТО, ние сме земја која што е преговарач со ЕУ. Таа е надвор од актуелниот концепт на живот, надеж и живеење на огромно мнозинство од граѓаните, изјави Зев.

Силјановска во саботата по изборот за кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ изјави дека е подготвена да биде и заеднички кандидат доколку нејзиниот профил одговара на СДСМ.

 

Треба да знаете
Последни објави