Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која е во посета на Турција, за медиумите објасни била на испитување во приватна клиника.
,,За жал, имам генетски предиспозиции. Од четворица баби и дедовци,тројца починаа од рак. Секоја година правам магнетна резонанца на дојката и на внатрешните органи”, изјави таа за новинарите.
Хрватската претседателка потврди дека во јануари беше на инфузија во Виноградската болница капе во Загреб. Таа рече дека таа имала вирус, а морала да оди на пат.
,,Вечерњи лист” објави дека Колинда Грабар-Китаровиќ во јануари повеќепати била на инфузии во болницата во Загреб, а дека минатата недела била на преглед во приватна клиника во близина на Загреб, која се бави со дијагностика и лечење на карцином.