Одложениот концерт заради страотната сообраќајна несреќа кај Ласкарци и дводневната жалост, Македонската филхармонија вечерва со почеток од 20 часот ќе го одржи концертот „Моја љубов“ посветен на Денот на вљубените.
Диригентската палка е ви рацете на маестро Борјан Цанев, а ќе бидат изведени популарни теми, инструментални, но и вокални композиции кои се искористени во култни филмски остварувања, а кои пејат за љубовта, страста, вљубеноста…
Како солисти ќе настапат Огнен Анастасовски, Светлана Јовановска и Надежда Рубен (вокали), Трајче Велков (труба) и Иван Иванов (саксофон). Организаторите велат музиката ќе биде збогатена со танцот и кореографијата на Ивана Коцевска и Јована Зајкова, како и со уникатен светлосен дизајн.