Општина Бутел: Акција за совесно исфрлање на отпадот и чистење на дивите депонии

Денеска во Општина Бутел, во близина на трафостаницата кај големата клучка на Скопската обиколница се одржаа активностите во рамките на Неделата за подигнување на јавната свест, на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Апел за совесно исфрлање на отпадот за да се спречи создавање на диви депонии дадоа градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на ЈП ,,Комунална Хигиена,, Абдусамет Шабани.

Градоначалникот Смилевски истакна дека во наредните два дена ќе бидат исчистени сите помали и поголеми депонии на територијата на Опшина Бутел. Сепак, рече тој, апелирам до граѓаните да внимаваат на животната средина и каде го фрлаат сметот, цврстиот отпад и се она што не им е потребно. Додаде дека општинската комунална служба ќе биде многу поактивна во наредниот период за да се спречат, не само нашите несовесни граѓани, туку и оние од соседните општини кои го носат ѓубрето на нашата територија.

Директорот Шабани истакна дека оваа акција се одвива на целата територија на Град Скопје и целта им е да се исчистат сите црни точки од депонии кои го покажаа своето грдо лице со првите сончеви денови, но и да се зголеми свеста кај граѓаните.

Инаку, на територијата на Општина Бутел има неколку црни точки освен посочената, каде што постојано несовесно се фрла смет, шут и друг цврст отпад, а то се депониите: на улицата ,,Александар Урдаревски“ кај домот „25 Мај“, на ,,Боца Иванова“ кај Градските гробишта, на ,,Цетинска“, кај новиот булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош“  и во руралниот дел Боринарец на излезот од Љуботенски пат према Љуботен.

 

Треба да знаете
Последни објави