Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Е.Р.(20) од село Калишта и П.И.(24) од село Велешта, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Во саботата, во село Калишта, при преглед над второпријавениот полициски службеници пронашле и одзеле марихуама, којашто претходно ја купил од првопријавениот.