Последниот ден на „Ол Стар“ викендот во Шарлот, Тимот Леброн победи притив Тимот Јанис 178:164. За најкорисен играч на мечот беше прогласен Кевн Дурент.
Тимот на Јанис Адетокумбо подобро го отвори натпреварот. Константно во предност Адетокумбо и останатите беа три четвртини, а на почетокот на третиот период имаа предност од 20 поени.
Потоа оние што играа за Тимот Леброн влегоа во серија на тројки, погодија седум (три погоди Лилард, а по две Бил и Томпсон).
Во последниот период се активираше и капитенот Леброн и со серијата 7:0, овој тим на три минути до крајот го реши победникот.
Кевин Дурент ги предводеше победниците со 31 поен и седум скока, на крајот тој беше прогласен за МВП на „Ол Стар 2019“. Ова е втора ваква награда за Дурент, првата ја освои во 2012 година, Клеј Томпсон постигна 20 поени, а капитенот Леброн Џејмс 19.
Адетокумбо го предводеше својот тим со 38 поени и 11 скока, а Пол Џорџ и Крис Мидлтон постигнаа по 20 поени.
На овој „Ол Стар“ меч одбрана не се играше, немаше многу атрактивни забивања, а играчите 167 шутнаа за три поени.