Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи ѝ порача на Владата да не дозволува да ја изиграат европските потписници на нуклеарниот договор, кој Иран во 2015 година го склучи со големите сили, но од него се повлече американскиот претседател.
Европските сојузници Германија, ФРанција и Велика Британија не се согласуваат со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп и се обидуваат да го сочуваат договорот, кој го сметаат за важен за контрола на развојот на нуклеарното оружје на Исламска држава.
„Американското непријателство кон Иран е очигледно. Срцето на нашиот непријател е полно со непријателство кон Исламска држава…Не дозволувајте да ве изиграат Европејците“ рекол Хамнеи, пренесе државната иранска телевизија.
Иран ја повика ЕУ да направи повеќе за да покаже лојалност кон договорот. Европејците воспоставиле посебен механизам за делување со Иран, за недоларско плаќање, за да се избегнат американските санкции.