Комисијата за европски прашања на Националното собрание почна интернет анкета „Потребно ли е да ставиме крај на промената на времето (летно или зимско)”. Граѓаните ќе можат да одговараат до 3 март, но досега 84 проценти од 54.000 испитаници веќе се изјаснија против промена на зимско или летно сметање на времето, јави дописникот на МИА.
Мнозинството од испитаниците се изјаснија за зимско сметање на времето. Слични се и резултатите од испитувањата на јавното мислење во другите земји членки на Еверопска Унија. На европско ниво, меѓу 84 отсто кои се изјаснија да нема летно и зимско сметање на времето, додека 56 проценти сакаат да има само летно сметање, додека 36 проценти се изјасниле за зимското сметање на времто.
Зимско и летно сметање на времето е воведено во 1976 година и од самиот почеток е цел на критики. Во септември минатата година претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предложи да се укине летното и зимско сметање на времето.