Денеска во Општина Бутел, во близина на трафостаницата кај големата клучка на Скопската обиколница се одржаа активностите во рамките на Неделата за подигнување на јавната свест, на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Апел за совесно исфрлање на отпадот за да се спречи создавање на диви депонии дадоа градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на ЈП ,,Комунална Хигиена,, Абдусамет Шабани.
Градоначалникот Смилевски истакна дека во наредните два дена ќе бидат исчистени сите помали и поголеми депонии на територијата на Опшина Бутел. Сепак, рече тој, апелирам до граѓаните да внимаваат на животната средина и каде го фрлаат сметот, цврстиот отпад и се она што не им е потребно. Додаде дека општинската комунална служба ќе биде многу поактивна во наредниот период за да се спречат, не само нашите несовесни граѓани, туку и оние од соседните општини кои го носат ѓубрето на нашата територија.
Директорот Шабани истакна дека оваа акција се одвива на целата територија на Град Скопје и целта им е да се исчистат сите црни точки од депонии кои го покажаа своето грдо лице со првите сончеви денови, но и да се зголеми свеста кај граѓаните.
Инаку, на територијата на Општина Бутел има неколку црни точки освен посочената, каде што постојано несовесно се фрла смет, шут и друг цврст отпад, а то се депониите: на улицата ,,Александар Урдаревски“ кај домот „25 Мај“, на ,,Боца Иванова“ кај Градските гробишта, на ,,Цетинска“, кај новиот булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош“ и во руралниот дел Боринарец на излезот од Љуботенски пат према Љуботен.