Командантот на специјаните единици на МВР, Митко Пешов, кој е еден од обвинетите за „27 април“ во завршните зборови рече дека не е виновен за загрозување на уставниот поредок, дека по претходно барање на СВР Скопје испратил два вод на ЕБР пред Собранието, како и дека не добил наредба од министерот Агим Нухиу да испрати дополнителни сили, а ниту имал такво овластување.
– На 27 април се случи немил настан, снимките што ги гледавме и сведочењата ме потресоа и ми направија немир во душата, и барам одговор дали можеше тоа да се спречи. За мене останаа голем дел на прашањата неодговорени. Јас не знаев што се случувало, а единствени информации добивав од Влатко наумовски од специјалните единици. ОЈО тврди дека јас сум имал намера да спречам избор на претседател на собранието и да предизвикам загрозување на уставниот поредок. Ќе кажам дека не сум можел тоа да го направам бидејќи јас, се до моето доаѓање во МВР ,од никого додека патував кон Скопје не бев информиран дека имало немири, што се гледа од доказите. Со внимателна анализа јасно се утврдува дека не сум носител на златна ниту на сребрена команда. Овалстувањета на носителите на златна, сребрена и бронзена команда се јасно утврдени според законот. Со командните процедури се идентификува и кој командува. Јас немав овластување за издавање на наредба за испраќање на дополнителни специјални сили. Јас околу 19 часот дадов наредби на специјалните сили да интревенираат во настаните, рече Пешов пред судот.
Според него, СВР Скопје доставило писмено барање од 26.4. за обезбедување за Собранието и беа побарани два вода на ЕБР, кои биле ставени на располагање.
-Од анализата на телефонската комуникација, од 19 до 20.10 часот се чув пет пати со министерот, му кажав дека се дадени насоки за преземање мерки. На Нухиу му кажав дека се обидуваме да ги собереме доплнителните сили бидеќи беа на обезбедување на ракометната средба меѓу „Вардар“ и „Барселона“, рече Пешов.
Тој даде детална анализа со кого се комуницирал критичниот ден, наведуваќи го часот и минутите и ја објаснуваше комуникацијата со сите што требало да комуницира за ситуацијата
-Дека јас попладнето тргнав од Кавадарци може да се утврди од анализата на базните станици и цело време бев на линија со моите претпоставени и потчинети. Појаснувам дека јас од министерот не добив наредба за повикување на специјални сили. Ако тој ми дал таква наредба и јас не сум постапил тоа како факт би било неспорно и утврдено веднаш истата вечер или следниот ден од самиот Нухиу и би повел постапка за дисциплинска или кривична за непостапување по наредба, но никаква постапка не беше поведена против мене. Што се однесува на пасивното однесување на дел од полициските службеници ќе потенцирам дека надлежноста за команда на полициските сили е на сведокот Зоран Станчевски, одговорен за обезбедубање на Собранието од СВР Сскопје и кој нема дадаено никаква наредба за превземање на мерки. Што се однесува од самиот момент на нарушување на ЈРМ одговорниот службеник е должен да превземе мерки, а тој воопшто не ги ангажирал специјалните полициски сили. На 27.4 се случија немили настани за кои сите жалиме. Во изминативе 25 години премногу сум вложил во мојата кариера, ниту сум влегол во нечиј штаб на политичка партија нити сум член, не должам никому ниту некој нешто ми ветил. Никогаш не сум бегал од одговорност, а така е и сега. Ако судот одлучи така нека биде. Ниту во еден момент не добив законска наредба, рече Пешов.
Даниела Вељановска