Претстава „Говорна Мана” на 19 февруари во МНТ

“Говорна мана” е насловот на претставата по текст на Горан Марковиќ, а режија на Драгана Милошевски-Попова, која публиката ќе може да ја види на 19 февруари, со почеток од 20 часот во Македонскиот народен театар.

 

Колку и да тежнееме кон вистината, доблеста, толку тегот не враќа наназад во средина ментално загадена со политика, со немир. Живееме во време каде што целта ги оправдува средствата, каде што моралот и човечноста не се нешто на што треба да се потпреме. Доминантниот и општествен механизам се огледува во општествениот успех што се мери со степен на траење на понижувањето од надредените и можноста да се понижува некој што е под нас. Останува прашањето: каде е границата меѓу легитимната и ненормална борба за опстанок?

Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

Треба да знаете
Последни објави