„Со Дизни низ светот“ – концерт за деца на Македонската филхармонија

На барање на публиката, Македонската филхармонија уште еднаш ќе го изведе концертот за деца и за возрасни – „Со Дизни низ светот“.

 

На 23 февруари (сабота) со почеток во 19 часот, под диригентската палка на маестро Тимоти Редмонд од Велика Британија, публиката ќе има можност да ужива во фамилијарниот концерт на кој ќе биде изведена музиката од најубавите цртани филмови продуцирани од популарната компанија „Дизни“, меѓу кои и од „Кралот лав“, „Мулан“, „Фроузен“, „Покахонтас“, „Малата сирена“, „Убавицата и ѕверот“…

Концертот е соодветен за деца над шест години.

Треба да знаете
Последни објави