Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу денеска изјави дека во 2018 година во Турција, при обидот да заминат во ЕУ, биле запрени 268.003 мигранти кои немале уредни документи.
Сојлу рече дека во првите пет недели оваа година се запрени 16.523 мигранти.
Од потпишувањето на договорот на Турција со ЕУ во март 2016 година, бројот на луѓе кои немаат соодветни документи, а патувале од таа земја кон Унијата, главно кон блиските грчки острови, драстично е намален.