Полицијата уапси возач кој превезувал осум илегални мигранти на патот Гевгелија-Скопје. Според полицијата, вчера во 20.30 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на мостот на „Зуичка река“, полициски службеници забележале „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувана од С.С.(43) од Скопје.
Возилото нагло застанува и од него излегле осум непознати лица. Нешто подоцна возилото било запрено, три километри после клучката кај село Смоквица, а по пребарување на реонот биле пронајдени осум илегални мигранти од Авганистан, кои изјавиле дека се превезувале со возилото.
Тие биле приведени во Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ за понатамошна постапка. Исто така, возачот на возилото бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.