Владата на Јемен, поддржана од ОН и Саудиска Арабија, постигна договор со бунтовничките Хути за прераспоредување на војниците од пристанишниот град Ходеида, главната влезна точка за хуманитарна помош и трговски стоки во Јемен, објави канцеларијата на портпаролот на ОН во неделата, пренесува Ес-би-ес.
Од ОН соопштија дека завојуваните страни се согласиле за Фаза 1 од взаемно прераспоредување на силите, без да дадат дополнителни детали за договорот. Се верува дека повлекувањето ќе им помогне на милиони луѓе во Јемен кои страдаат поради сериозниот недостиг од храна и медицински материјали.
Тековните судири, поттикнати од бомбардирањето предводени од Саудиска Арабија како поддршка на владата во Јемен, ја доведе осиромашената земја на работ на глад и до најлошата хуманитарна криза во светот.