Бразилскиот рударски комплекс „Вале“ соопшти дека се евакуирани речиси 200 луѓе откако инспекторите забележале знаци дека браната во близина, која го задржува рударскиот отпад, би можела да пукне.
Евакуацијата следела три недели по пукањето на браната кај другиот рудник, со кој исто така управува компанијата „Вале“, кога загинаа најмалку 166 луѓе, а 147 исчезнаа.
Во соопштението на компанијата се наведува дека е наредена нова евакуација од безбедносни причини во регионот Макакоса, на околу 26 километри јужно од Бело Норизонте, пренесе АП.
Не е познато евакуираните граѓани ќе можат да се вратат во своите домови.