Очигледен е стравот кај Зоран Заев и СДСМ од Гордана Силјановска Давкова, личност со интегритет и капацитет да ја води државата, нешто што го докажала низ годините со нејзината професионалност, реагира ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на Зоран Заев кој денеска рече Силјановска е спротивност на концептот едно општество за сите.
„Зоран Заев и луѓето околу него немаат капацитет да го обединат општеството, напротив тие само го разделуваат. Две години потрошија на антидржавни закони и договори, кои само го разединија општеството и граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
Најголемата опозциска партија додава дека Заев и СДСМ се синоним на поделби и штетни политики, па затоа треба да си заминат.