Полицијата се уште не го знае мотивот за свирепото убиство во местото Меѓумрје, во Хрватска, кое го потресе регионот. Медицински лица, кои се вклучени во истрагата, велат дека кој и да е убиецот, има неизлечиво и тешко пореметување на личноста, односно поделена личност. Како мотив се наведува и љубомората.
Како што наведуваат психијатрите, доколку Смилјана е убиецот на нејзината сестра и ако таа ја ставила замотана во целофан во ладилникот и таму ја чувала цели 19 години, тогаш сигурно не се работи за ментално здрава личност.
Никој нормален не би издржал ни пет дена покрај мртвото тело на својата сестра, а не па 20 години“, вели психијатерката Мирјана Назор.
За убиството дознала од телевизија, а зборува за можните дијагнози на луѓето кои извршуваат монструозен чин како овој.
„Би можело да се работи за поделена личност, а можеби во таа личност да живееле и неколку личности. Ако никој од луѓето со кои се дружела или нејзиното семејство со кое живеела, не забележале никакви промени во нејзиното однесување откако ја убила сестра ѝ, тоа значи дека пред нив успевала да го задржи позитивниот дел од својата личност, додека оној изопачениот дел успевала да го задржи за себе“ тврди психијатерката.
Таа додава дека менталното здравје на луѓето, дури и кога правбат некакво лошо дело, имаат потреба да го признаат, за да потоа што побрзо го заборават, па дури и додека служат казна.
„Во овој случај не се работи за заборавање. Таа ја ставила својата сестра на место крај кое секој ден поминувала со години, па е можно на тој начин самата себе си да се казнувала. Бидејќи немала сили да го пријави тоа во полиција. Во секој случај, ова пореметување не може да се излечи. Таа ќе мора доживотно да биде на лекови, а судските вештаци ќе проценат дали е способна за затвор или ќе заврши во некоја установа“ објаснува Назор и додала дека мотиви за убиството би можеле да бидат користољубие или љубомора.