Во периодот од 19 до 23 февруари 2019 година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе спроведе машинско миење на булеварите и поголемите улици со автоцистерни. Миењето ќе се одвива во утринските часови и ќе ја опфати територијата на сите скопски општини.
Акцијата е со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини, а ќе се реализира благодарение на најавените поволни временски услови. Според Програмата за работа, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни само во периодот од април до октомври.