Прогласената епидемија на непотизам алармантно се шири додека институциите спијат. Два нови случаи заразени со епидемија на непотизам во Неготино, а власта се уште молчи како всушност се заразиле, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Аrсовски.
„Дека непотизмот не е еден случај и единствен, туку е начин на работење на СДСМ говори и примерот со пратеникот на СДСМ од Неготино, Ристе Ташев, чија што сестра Катерина Јорданова се вработила во Основното Училиште „Страшо Пинџур“.
Прашуваме, кој е критериумот според кој токму сестрата на пратеникот од СДСМ е вработена, а не некој друг? Сигурни сме дека не била единствена за таму и сигурни сме дека во огласот не пишувало во делот на критериумите – да биде сестра на Ристе Ташев“ вели Арсовски.
Како што додава, нов ден, нов пратеник од СДСМ заглавен во непотизам.
„Да потсетиме и дека во Неготино градоначалникот Тони Делков избран од граѓаните на Неготино ја вработи сопругата Надица Делкова во Основното Училиште Гоце Делчев, кое е директно под неговите ингеренции. Што уште треба да кажеме за Заев и СДСМ да признаат дека јавниот сектор го претворија во семејно-партиска фирма во која се вдомуваат најблиските роднини и тоа за жал на сметка на граѓаните кои остануваат без егзистенција и без можност за вработување и секојдневно тонат во сиромаштија“ додава Арсовски.
Според него, јавноста со право се прашува колку државни пари се одлеваат во семејните буџети на функционерите на власта и уште колку нивни роднини станаа вработени во државни фирми, институции, агенции, управи, општински органи и слично.
„Или обратно да прашаме, уште колку роднини на функционерите останаа невработени за да се вработат и тие? Сигурно се бројат на прсти. Лажниот концепт на Заев „Живот за сите“ јавноста го виде на дело. Тој концепт се претвори во “Живот за раководството на СДСМ“ нагласи Арсовски.