Владата го менува Законот за матична евиденција- дознава 24 инфо. Законот е веќе подготвен и се чека собраниска процедура. Причина за менувањето е бидејќи на децата родени во Систина во графата „место на раќање“ им стои Злокуќани, наместо Скопје.
– Законот се менува бидејќи на децата родени во болницата Систина во периодот од Април 2010 до Декември 2010 година во изводот од матичната книга на родените како место на раѓање впишано им е Злокуќани, а не градот Скопје. Родителите на овие деца се обратија со барање до Министерството за правда, во изводот на матична книга на родени на децата да се внесе градот Скопје наместо Злокуќани- стои во известувањето.
Исто така ќе се менува и делот во законот за матична евиденција каде треба да се запише полот.
– Законот не обезбедува јасна процедура за промена на ознаката за пол. Потребно е уредување на постапката за правно признавње на род со цел спроведување на Пресудата на Европскиот суд за човекови права за случајот на лицето Х против Република Македонија (Application no. 29683/16) од 17.01.2019 година како и негово хармонизирање со меѓународните стандарди во оваа област- се вели во Законот.
Валентина Ангеловска