Тајсон Фјури денеска потпиша договор со спортска ТВ-мрежа којa ќе добие 100 милиони долари.
Британскиот боксер ќе ги заработи овие пари за наредните пет борби што ќе ги пренесува американската ТВ-мрежа за територијата на САД.
Овој потег би можело да ги искомплицира потенцијалните меѓусебни борби меѓу Фјури, Дионтеј Вајлдер и Ентони Џошуа, со оглед на тоа дека сите тројца имаат потпишани разговори со различни ТВ-станици за правата за емитување на нивните борби.
Вајлдер и Џошуа имаат договори наводно за 120 милиони долари.
По борбата Фјури-Вајдер што заврши без победник, најавен е реванш, но за да се случи тоа телевизиите мора да потпишат спогодба и да се договорат кој ќе ја пренесува борбата.