Британец и негов пријател од Франција исчезнале во Австралија, по што почнала потрага, пренесуваат австралиските медиуми.
Потрагата почнала кога минувачи пронашле предмети што им припаѓале на Хуг Палмер и Ерван Ферокс, двајцата 20-годишни, на плажа северно од Сиднеј, соопштиле властите.
Полицијата ја пребарала плажата Шели бич и открила дека момчињата изнајмиле автомобил во кој биле пронајдени и други лични предмети што им припаѓале.
И покрај сите напори на полицијата да ги пронајде туристите, не нашле никаква трага што би им помогнала да ги најдат.
Според информациите од австралиските медиуми, момчињата во регионот стигнале во неделата.