Пожарникарите успеале да спасат 16 луѓе кои биле заробени во гондоли во забавен парк во Сан Диего, објави Би-би-си.
Поради силниот ветер дошло до електричен дефект на една гондола која престанала да работи. Заробените посетители неколку часа останале заглавени да чекаат да бидат спасени.
Меѓу луѓето имало и дете, како и парализирано лице кое неодамна преживеало мозочен удар, пренесе „Си-би-ес њуз“. По четири часа спасување, сите биле на безбедно.
Надлежните на забавниот парк „Сиворлд“ рекле дека на секоја гондола имало прекривки, а дека со интерфон биле во контакт со патниците, информирајќи ги за фазата на евакуација.