Високата комесарка на ОН Мишел Башале денеска изрази загриженост поради состојбата во која се наоѓаат околу 200 семејства заробени во Багуз, последната област која е сè уште под контрола на терористичката Исламска држава во источна Сирија.
Таа тврди дека екстремистите активно ги спречуваат цивилите, вклучувајќи ги и жените и децата, да ја напуштат таа област, која се наоѓа близу границата со Ирак и која е под опсада на воените сили во Сирија.
Околу 300 екстремисти се наоѓаат меѓу неколку стотина цивили и одбиваат да се предадат додека се обидуваат да преговараат околу излегувањето од областа, околена од воени сили. Според неименуван извор, екстремистите бараат воспоставување коридор до северозападната провинција Идлиб, што е под контрола на бунтовниците.