Египетските безбедносни сили убија 16 милитанти во две одделни операции во градот Ариш во северниот дел на Синај, јавија денеска државни медиуми.
Извештајот за насилство во Синај следеше еден ден по загинувањето на тројца полицајци во експлозија во центарот на Каиро.
Десет милитанти беа убиени во областа Ариша Обеидат, а уште шестмина во областа Абу Еита, објави весникот „Ал Ахрам”.
Одредено количество на оружје, муниција и експлозиви беа пронајдени за време на акцијата во областа Абу Еита.
Не е наведено дали има жртви меѓу безбедносните сили.
Телата на милитантите се префрлени во неколку болници во градот Исмаилија, а подоцна се идентификувани, соопштија безбедносни и медицински извори.
Египет се бори против бунтот на милитантите од 2013 година, главно во северниот дел на Синај.