Полицијата соопшти детали од сообраќајната несреќа која се случи вчера кај Доброште, информираше МВР.
-На 18.02.2019 година во 17.40 часот на регионалниот пат Тетово- село Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „фолксваген голф“, што го управувал А.Д.(59) од село Нераште и трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки, управуван од А.Б.(50) од село Доброште.Во незгодата бил удрен и паркиран автомобил „фолксаваген голф“, сопственост и паркиран од Б.Е.(36) од село Доброште. Повредени биле двајцата возачи и А.Д.(59) од Нераште, сопатничка во „голфот“.
Тројцата со други возила тие биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде лекар констатирал смрт кај возачот на тракторот. Кај А.Д. биле констатирани тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Кај возачот на „голфот“ биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.