Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата.
Во Кубот на пратениците ќе се одржи работна средба меѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по што еден час подоцна Заев ќе има средба и со претседателот на ДПА, Мендух Тачи.