Италијанското Движење Пет Ѕвезди отвори онлајн-анкета за да одлучи дали да го блокира потенцијалното судење на лидерот на Лига и министер за внатрешни работи, Матео Салвини, за наводно киднапирање и злоупотреба на власта, пренесува „Локал“.
Обвинителството во Јужна Италија бара истрага за однесувањето на Салвини откако тој одби да дозволи мигранти да се симнат од брод за спасување.
Движењето Пет Ѕвезди и Лига владејат во тензична коалиција од јуни, но често се во судир околуклучните изборни ветувања.
Движењето Пет Ѕвезди се гордее со чесноста и отсекогаш е против политичарите кои гикористат своите пратенички привилегии да избегнат судски процеси. Претходно од партијатаизјавија дека секој министер обвинет за криминал треба да поднесе оставка, но сега не сакаат да го вознемират својот коалициски партнер, а коментаторите сметаат дека партијата веројатно ќе гласа за блокирање на судењето.
Во службениот блог на Движењето Пет Ѕвезди се вели дека овој случај е различен од случаите во кои министрите се обидувале да се извлечат со „мито, измама или местење на пазарите”, бидејќи Салгини ја вршел својата работа и не дејствувал за личен интерес.
Лидерот на движењето, Луиџи ди Мајо, изјави дека Салвини дејствувал со целосна поддршка од коалицијата и дека ќе дека ќе оди на суд заедно со него.
Случајот се однесува на бродот „Дичоти“ кој беше оставен во неизвесност 10 дена во август откако примил повеќе од 150 луѓе, вклучувајќи и деца, на кои Салвини одби да им дозволи да слезат во Италија. На бродот на крајот му беше дозволено да се истовари на Сицилија откако Католичката црква издејствува договор со Ирска и со Албанија да ги прифатат мигрантите.
Сенатскот комитет треба да расправа за ова прашање денес, по што Сенатот ќе гласа, асенаторите на Движењето Пет Ѕвезди ќе се раководат од резултатот од онлајн анкетата. Последниот збор за тоа дали Салвини може да го задржи својата пратеички имунитет го имапарламентот.
Салвини, чија партија има поголем рејтинг од Движењето Пет Ѕвезди, во неделата изјави дека не е загрижен поради гласањето, бидејќи тој дал збор дека владата нема да падне