Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ рече дека по консултации со неговата мајка Фанија Костадиновака, одлучиле таа да си даде отказ од новото работно место во Централниот Регистар во Струмица.
Името на Фанија Костадиновска се најде на списокот на Антикорупциска на кои беа сите нововработени роднини на високи функционери во државните институции и претпријатија кои антикорупциска планира да ги истражува.
Претходно Костадинов објави дека ниту тој ниту СДСМ имале некаква врска со нејзиното вработување и дека била вработена на најтранспарентен начин.
– Во интерес на јавноста информирам дека мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин, преку оглас, времено, до 31.12.2018 година. Институцијата каде што времено е примена на работа, имаше објавено огласи за вработувања за повеќе работни места, а мајка ми е примена врз основа на нејзините квалификации и постапка еднаква за сите што аплицираа, изјави тогаш портпаролот на СДСМ.