Пет технички неисправни автобуси во Кичево, еден исклучен од сообраќај
Од 16 до 18 февруари полицијата контролираше вкупно 314 патнички и други моторни возила на подрачјето на СВР Охрид, од кои 82 возила во Кичево.
На подрачјето на Кичево беше извршена посебна контрола на возила кои вршат јавен превоз при што беа контролирани 34 автобуси и беа упатени во станиците за технички преглед. Кај пет автобуси биле констатирани одредени технички неисправности, а еден автобус веднаш е исклучен од сообраќај.
Кај13 возачи на моторни возила било утврдено присуство на алкохол во крвта. Петмина од нив се во Кичево. Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи.
По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 24 мандатни платни налози и 14 барања за поведување прекршочна постапка.
Акциските контроли беа спроведени со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Тие континуирано ќе се реализираат на целото подрачје, информираше Стефан Димоски, порпарол на СВР-Охрид