Прочуениот германски моден креатор, Карл Лагерфелд почина денеска на 86-годишна возраст, пренесе „Ројтерс“.
Медиумите пренесуваат дека креативниот директор на модната куќа „Шанел“ починал по кратка болест. Причината за смртта се уште не е позната.
„Мирор“ пренесе дека Лагерфелд пропуштил две модни ревии во Париз, но како причина за неговото отуство од модната куќа навеле дека директорот е уморен.