Без струја делови на Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Сарај, Студеничани, Ѓорче Петров и Центар.

– Во периодот од 10 до 12 часот струја ќе немаат корисниците од сред село Радуша (општина Сарај).
– во периодот од 9 до 15 часот корисниците од улиците 1, 4 и 6 во с. Батинци (општина Студеничани).
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од броевите 11, 13, 15, 17, 19 и 21 на ул. Исаија Мажовски (општина Ѓорче Петров) и
– во периодот од 8:30 до 15:30 часот корисниците од улиците Стив Наумов, Тетовска и Јосиф Јосифовски Свештарот (општина Центар).

Треба да знаете
Последни објави