Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во ресенско стојат во магацините, на само 2 месеци пред крајот на сезоната, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и додава дека јаболкарите кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона немаат средства за обработка на нивите.
„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп. Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија додава дека власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта под итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на јаболкарите.