– Од изведените докази се покажа дека обвинението е контрадикторно и во однос на причините за поништување на гласањето, изјави Тасевски.
Нагласи дека причина за поништување на гласњето, барем според обевинението, е едно гласачко ливче без потпис од гласач, додека од изведените докази се потврдило дека Избирачкиот одбор не го спровел гласањето согласно закон, што значи е основ за поништување на гласањето.
Тасевски, во завршен збор, дополнително се осврна и на незаконските докази кои биле изнесени вон постапката и неовластено обвинителство што ја водело.
Влатко Сајковски се приклучи на одбраната на неговиот адвокат и побара ослободителна пресуда.
Додаде дека член на ДИК бил од 2008 до 2015 година, а дека практично искуство од прва рака во целокупниот изборен процес имал од 1995 година.
– ДИК донесе правилно решение за избирачко место 1727 Струмица. Избирачкиот одбор не го спровел гласањето согласно закон, рече Сајковски.
Посочи дека одлуката може да се провери од второстепен орган, како и што било направено.
Претходно во завршен збор ослободителна пресуда за лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими, побара и нивниот бранител.
Во Титаник 2 обвинети се и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешните членови на ДИК: Анета Стефановска и Сашо Срцев.