Колку пати ви се има случено во текот на денот да јадете здраво, но навечер да ви се појави неконтролирана желба за чоколадо? Зголемениот стрес и недоволното спиење можат да ја засилат желбата по слатка или мрсна храна, а тоа што организмот ви бара одредена намирница – чоколадо, може да биде знак за недостаток на магнезиум.
Овој важен минерал има клучна улога во повеќе од 300 ензимски реакции во телото во текот на денот, а истражувањата покажуваат дека магнезиумот може да помогне добро да се наспиете, ги намалува болките, уморот, спречува промени во расположението и појава на мигрени.
Според докторка магнезиумот треба да се внесува дополнително со оглед на фактот што не се создава природно во телото. Важно е жените да внесуваат меѓу 300 и 320 милиграми, а мажите 400 до 420 милиграми. Најидеално е да се внесува преку намирници.
„Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, мешунките, потоа ореви и семиња, житарки од цело зрно се најдобар извор на овој минерал. Добро е магнезиумот да се внесе наутро со појадок, за да се спречат промени во расположението“, вели докторката.
Причина поради која ви се јаде токму чоколадо е тоа што чоколадото е богато со магнезиум. Некои експерти објаснуваат зошто и на жените им се јаде чоколадо пред и во текот на менструација, бидејќи тогаш магнезиумот во телото е на најниско ниво.
Намирници богати со магнезиум: банани, спанаќ, кељ, зелка, марула, банани, авокадо, какао, ореви, бадеми, индиски орев, бразилски орев и слично.