Дека ништо не се променило во партијата на Никола Груевски, во овој скапоцен дворец зад мене, потврдуваат ставовите на Гордана Силјановска, кандидатката на Христијан Мицкоски за претседател на државата, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
-Христијан Мицкоски зборува преку Гордана Силјановска. Очајно и крајно неодговорно Гордана Силјановска се обиде да ја злоупотреби трагичната сообраќајна несреќа, во која животите ги загубија 15 наши сограѓани а голем број се повредени.Додека се уште се свежи страотните сцени од несреќата кај Ласкарци, додека наши сограѓани се уште закрепнуваат од повредите, додека семејствата се во тага и болка. Тоа не е однесување на претседател на држава. Претседател не користи несреќи и човечки трагедии со намера политички да профитира. Претседател не обвинува напразно и неосновано само за да следи партиска наредба на својот вистински шеф.
Сега е јасно зошто Силјановска не се огради од говорот на омраза и поделбите што ги ширеше една нејзина колешка, исто така блиска до ВМРО-ДПМНЕ. Ваквото однесување на Силјановска потврдува дека се движи по стапките на Иванов, следејќи ги насоките на Мицкоски. На Република Северна Македонија не и е потребен нов Иванов, туку вистински претседател кој ќе работи во интерес на граѓаните и државата.Претседател кој нема да ги дели граѓаните туку ќе ги обединува. Претседател кој нема да ги злоупотребува нивните чувства. Претседател кој ќе биде партнер на граѓаните, а не партиски послушник, вели Костадинов.