Еден од играчите кој одбележа една успешна ера во францускиот репрезентативен фудбал, Биксенте Лизаразу верува дена неговиот сонародник Килијан Мбапе е третиот најдобар фудбалер на планетава во овој момент.
Членот на Пари Сен Жермен веќе има две титули во Лига 1, а имаше и голема улога во титулата на „триколорите“ на мундијалот во Русија минатата година.
-Да, мислам дека тој може да биде следната вистинска ѕвезда во фудбалот и мислам дека e веќе. Тој е најдобриот млад фудбалер во светот и по Роналдо и Меси, нема причина зошто тој не може да стане најдобар во светот, -порача Лизаразу.