Општина Кисела Вода додели нови 55 ваучери за новороденчиња, од кои 28 за женски и 27 за машки деца.
Локалната самоуправа еднократната парична помош која е во висина од 6000 денари ја доделува на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија.
Заинтересираните за добивање на оваа помош потребно е да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.