Премиерот на Пакистан, Имран Кан, порача дека неговата земја ќе возврати ако Индија преземе воена акција против неа, по минатонеделниот самоубиствен напад врз индиските сили во Кашмир, пренесе Би-би-си.
Тој ја повика Индија да обезбеди докази за да ги потврди своите тврдења со кои го обвинува Пакистан за вмешаност во нападот, во кој загинаа повеќе од 40 припадници на индиските безбедносни сили.
Одговорност за нападот презеде пакистанската милитантна група, Џаиш-е-Мохамед.
Нападот ги зголеми тензиите меѓу нуклеарно вооружените Индија и Пакистан.
Според Кан само дијалогот може да помогне во решавањето на проблемите во Кашмир.