Сопствениците на Манчестер Сити – „Сити фудбал груп” ја истражуваат можноста да купат клуб од кинеското првенство.
Досега, групата има проекти во Њујорк, Австралија, Јапонија, Шпанија, Уругвај и Англија.
Потпретседателот на „Сити фудбал груп” оствари средба со сопствениците на „Sichuan Jiuniu”, кој е тим од третото ниво на кинескиот фудбал.
За прв пат, групата контактирала со шефовите на кинескиот клуб пред една година.
Од 2016 година „Сити фудбал груп” е со седиште во Шангај и минатата година отвори канцеларија во Шенжен, каде што ги следи манифестациите на локалните таленти.
Целта на „Сити фудбал груп” е да отвори академија во Пекинг.