Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција,пренесува „Спутник“.
Од канцеларијата на окружниот шериф го потврдија билансот на загинати, но посочија дека непостои активна закана за безбедноста на заедницата. Понатамошни детали за инцидентот нема.
Во САД редовно има инциденти со пукање, а еден од најсмртоносните напади во последниве години се случи во Лас Вегас, Невада, на 1 октомври 2017 година, во кој беа убиени 58 луѓе, а стотици други беа повредени од еден напаѓач.
Од смртоносниот 14 февруари 2018 година, кога во пукање во средното училиште во Паркленд, на Флорида, загинаа 17 и беа повредени17 лица, експертите пресметале дека само во следните12 месеци најмалку 1. 200 деца биле убиени од огнено оружје во САД.